Вести Свет Топ вести

Израел со предупредување до луѓето во Рафа „копнена офанзива е неизбежна“

Раселените Палестинци мораат да ја напуштат и Рафа да се движат во средината на Појасот Газа. Летоците кои ги расфрли утринава израелската војска предупредуваат од можна копнена офанзива, бидејќи според нив Рафа е последното упориште на милитантите на Хамас. Очајни и прегладнети луѓето велат соочени сме со нешто, со кое никој не сака да се соочи.

„Копнена офанзива е неизбежна“ ова дел од содржината на летоците испишани на арапски јазик кои израелските сили ги расфрлаа низ градот Раза и неговата околина со предупредување до палестинското население да го напуштат регионот. Со летоци во рацете, раселените Палестинци од Газа, низ плач и солзи прашуваат каде да одат, тие сега мора да ја напуштат и Рафа, каде поминаа денови во гладување.

  • Каде ќе одам? Немам пари ни ништо. Сериозно сум уморна, јас и децата кои се со мене. Каде ќе одам? Каде? Животот е тешко и бевме понижени од луѓето од Рафа (значи не помогнаа Искрено, ништо (позитивно) не видовме од нив, но кај ќе одиме со децата а мажот ми го нема каде ќе одиме, Сахар Абу Нахел, жена раселена од градот Газа.

Израелската армија им нареди на десетици илјади луѓе во градот Рафах во јужниот дел на Газа да започнат со евакуација, сигнализирајќи дека долго ветената копнена инвазија може да биде неизбежна. Околу 1,4 милиони Палестинци – повеќе од половина од населението на Газа – се заглавени во градот и неговата околина. Сега повторно ги пакуваат најнеопходните работи и се подготвуваат за пат во уште поголема неизвесност. Велат соочени сме со нешто со кое никој не сака да се соочи.

  • Го прочитавме ливчето. Не знаеме каде да одиме. Бевме раселени од градот Газа и сега не знаеме каде да одиме. Тие испуштија летоци и не знаеме каде да одиме. Имам деца, жена ми, мајка ми и семејството и сите не знаеме каде да одиме, Зиад Дада, кој рече дека е раселен од градот Газа во Рафах.
  • Ние сме денес народ кој го има само Господ да ни помогне. Немаме засолниште, немаме храна, немаме вода, ништо од тоа. Ни беше ветено од израелската армија и меѓународната заедница дека Рафах ќе биде заштитен и тоа е зошто дојдовме во Рафа, но за жал не известија за евакуацијата или во спротивно, ќе се соочиме со нешто со кое никој не сака да се соочи, Манхал Тартури, раселен од Кан Јунис.

Според Израел, Рафа е последното значајно упориште на Хамас по седуммесечната војна, а вооружените сили сметаат дека треба да се извршат копнена инвазија за да ја поразат исламската милитантна група Хамас. Но, веста за евакуацијата ги втурна раселените луѓе во неволја. Тие сега треба да ги следат хуманитарните служби кои се упатија од Деир ал Балах на север до центарот на градот Кан Јунис во центарот на Појасот Газа.

Најавата за можна израелска офанзива ги искомплицира последните напори на меѓународните посредници да посредуваат за прекин на огнот. Хамас и Катар, клучниот посредник, предупредија дека инвазијата на Рафах може да ги попречи разговорите. Израелската армија на социјалната платформа Х соопшти дека ќе дејствува со „екстремна сила“ против милитантите и го повика населението веднаш да се евакуира за нивна безбедност. Планот на Израел да го нападне градот Рафа го вклучи глобалниот аларм поради заканата со која се соочени повеќе од милион палестински цивили кои се засолнети таму.

Тие живеат во наместени преполни шаторски кампови, или во преполни привремени живеалишта и зависат од меѓународната помош за храна, а санитарните системи и инфраструктурата на медицинските установи се уништени. Соединетите држави, најблискиот сојузник на Израел, постојано го повикаа Израел да не ја извршува инвазијата, велејќи дека немаат кредибилен план за заштита на цивилите.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе