Кошарка Спорт

МЗТ не се предава предвреме: Ќе бара изненадување во Суботица

МЗТ Скопје денеска од 19 часот гостува кај Спартак Суботица во рамки на реванш натпреварот од полуфиналето во АБА2 кошаркарската лига. На првата пресметка на домашен паркет во „Јане Сандански“, нашиот шампион загуби со пет поени.

„Металците“ можеби влегуваат како аутсајдери на реваншот со најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната во АБА2, но тренерот Васко Атанасов најави дека неговите избраници не одат во Суботица со бело знаме.

МЗТ ќе се бори со сите сили и до последната капка пот за да стигне до големото финале. Во Скопје на првата средба, имаше многу падови во играта, особено во првиот и последниот период, кога нашите кошаркари потфрлија. Поразот од 73-78 значи дека Спартак е на прагот да се пласира во големото финале, но ако МЗТ го одигра најдобриот натпревар сезонава ќе може да се надева на изненадување.

Прв финалист во плеј-офот во АБА2 е тимот на Војводина, кој ја елиминираше Подгорица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе