Вести Македонија

Силјановска: Доаѓа времето на жените, време е за машка еманципација

Жените имаат што да покажат. Имаме вулканска сила, порача претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова во обраќањето на денешната трибина посветена за припадничките на понежниот пол.

Таа нагласи оти доаѓа времето на жените, но и оти е време за машка еманципација. Силјановска истакна дека светот подолго живеел во патријархат одошто во матријархат и оти е време за промени.

Пред присутните најави дека ќе се залага за повеќе жени во политиката и за поголеми гаранции за помалку насилство. Според Силјановска, срамота е што Македонија во изминатите 30 години немала жена претседателка или премиерка, но оти тоа наскоро ќе се промени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе