Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 1, Христијан Мицковски го посетил штабот на коалицијата Вреди и остварил средба со Арбен Таравари. Од партијата ја потврдуваат посетата и за Телма брифирааат дека на таа средба било разговарано за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка.
Детали откри ТВ21. Ги дал Таравари кој прашан рекол дека со Мицковски разговарале за поставената агенда, главно насочена кон борба против криминалот и корупцијата.
Со слика од средбата се огласи и ДУИ, а кандидатот за пратеник Арбер Адеми од таа партија порача дека глас за ВРЕДИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ.