Кошарка Спорт

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

МЗТ Скопје доживеа убедлив пораз до 34 поени разлика на реваншот против Спартак Суботица и остана без пласман во финалето од плеј-офот во АБА2 лигата. Нашиот шампион денеска повторно беше надигран од српскиот тим, сега на гостински паркет и со тоа заврши сонот за кам-бек во елитното регионално натпреварување.

По поразот од пет поени разлика минатата сабота во Скопје, МЗТ се надеваше дека може да направи сензација во Суботица на реваншот. Тоа не се случи, бидејќи Спартак доминираше од почеток до крај за убедлива победа од 98-64. „Металците“ во ниту еден момент од средбата не се заканија по водството на домашната екипа. Филип Барна со 19 поени беше најдобар кај Спартак, додека Ејасу Ворку беше единствениот со двоцифрен ефект во нападот кај МЗТ со 10 постигнати поени.

Тимот од Суботица ќе игра финале против Војводина во АБА2 лигата, додека МЗТ сега ќе се фокусира на домашниот плеј-оф каде во полуфиналето води со 1-0 против ТФТ Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе