Вести Спорт

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Каратистите на карате клубот „Макпетрол“ кои се дел од македонската репрезентација заминаа на Европското првенство во Задар, Хрватска, што ќе се одржи од 8 до 12 мај. Карате клубот Макпетрол има најмногу репрезентативци во националниот тим со вкупно осуммина.

Петмина ќе настапат во борби во поединечна конкуренција, а тоа се Петар Заборски, Петар Спасеновски, Данило Божовиќ, Симона Заборска и Ангела Мојсовска. Во борби екипно ќе настапат уште тројца, а тоа се Викторија Јовановска, Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ.

Финалната програма од подготовките, „макпетролци“ ја реализираа изминатата недела во Струга и максимално подготвени заминаа за Задар на континенталниот турнир.

„Во реализацијата на програмата за успешна подготвеност, нашите сениори од самиот почеток на годината, учествуваа на сите највисоко рангирани првенства и светските карате премиер лиги. Завршните подготовки, се исто така многу значаен сегмент за правилно темпирање на формата, како финален дел од планот за подготвеност на спортистите за ова првенство“, изјави тренерот на „Макпетрол“, Бошко Заборски.

На Европското првенство во Задар ќе учествуваат вкупно 600 каратисти од 50 земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе