Вести Македонија Топ вести

Живи, здрави и на безбедно – македонските средношколци се вратија од Турција

Осумте македонски средношколци и нивниот ментор, кој во изминатиот период престојуваа во Турција во рамки на образовната програма „Еразмус плус“, во текот на ноќта се вратија во земјава и тие се веќе со своите семејства.

Ова за Телма го потврди еден од родителите на децата кои се затекнаа токму во Караманмараш, еден од најпогодените турски градови во катастрофалниот земјотрес во понеделникот.

Веднаш по земјотресот, тие беа евакуирани во Анкара, потоа преноќија и во Истанбул, а во раните утрински часови денеска се вратија во Македонија.

Учениците кои заминаа во Турција преку програмата „ Еразмус плус“, се средношколци од општините Тетово, Гостивар и Маврово/Ростуше.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе