Вести Македонија

Дојави за бомби во 18 училишта во Скопје – учениците евакуирани, проверките во тек

Дојави за наводно поставени бомби претпладнево се испратени во неколку скопски основни и средни улилишта, потврдија извори од Министерството за вантрешни работи (МВР) за Телма ТВ.  Учениците се евакуирани и во тек се антитерористички проверки.

„Денеска до 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 18 основни и средни училишта на подрачјето на Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во соопштението на МВР.

Дојави за бомби на неколку локации имаше и во текот на вчерашниот ден, трет во оваа работна седмица, за кои МВР, по извршените проверки, соопшти дека се лажни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Му платила за дрва, дрва не добила – кумановка измамена за 6.000 денари

Дејан Дејан

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Пет лица загинаа, 33 се повредени, 140 фабрички погони се оштетени – торнадо во Кина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе