Вести Македонија Топ вести

Скопје и денеска во топ 5 најзагадените градови во светот

Скопје и денеска во трка за најзагаден град во светот. Со индекс на загаденост од 150 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, и 200 ПМ10 честички го дели третото место со Сараево. Пред него се Делхи и Бишек во Киргистан. Најчист воздух од регионот дишат Загрепчани.

Во главниот град, во населбите Центар и Лисиче е надмината вредноста на загадувачки супстанци од 150 микрограми на кубен метар во изминативе два дена, поради што стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, соопштија од министерство за животна средина.

Согласно препораките на здравство, работодавците треба да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе