Вести Македонија Топ вести

Најавени кривични пријави за тројца функционери?!

Tри постапки поврзани со злоупотреби од страна на функционери се иницирани од кабинетот на вицепремиерката за добро владеење. Во интервју за МИА, Славица Грковска тврди дека за две постои основано сомнение за поднесување на кривична пријава, додека третиот случај е голем и обемен, поради што не очекува до крајот на годината да има исход од страна на истражните органи. Вицепремиерката не открива за какви случаи се работи, а  премиерот тврди дека не знае за кого станува збор.

Мицкоски повторно го прозва и новиот директор на АНБ, овојпат прашувајќи каква е неговата улога во настаните од 27 април, кога се случи упадот во Собранието. Зарко Милошевски тогаш бил директор на одделот за екстремизам во УБК. За него премиерот тврди дека е докажан професионалец, но ги повика истражните органи да ги истражат наводите на опозицијата, вклучително и за погрешната проценка за случајот „Диво насеље“. Овие случаи, но и анкатата на ИРИ, за Мицкоски се доволна причина за одмерување на силите на предвремени избори.

Ковачевски, пак, упорно тврди дека предвремени избори нема да има, иако периодов одржа 79 партиски трибини. Не планира ни реконструкција на владата, за која 58 отсто од граѓаните сметаат дека ја носи државата во погрешна насока. За личниот рејтинг од 5 отсто, вели дека е респектабилен, со оглед на тоа што не е ни цела година на чело на владата.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе