Вести Свет Топ вести

Ноќеска уапсен уште еден поранешен припадник на косовската полиција од српска националност

Уште еден поранешен припадник на косовската полиција од српска националност е уапсен во текот на ноќта на Косово. Најновото апсење доаѓа по косовската апликација за членство во Европската Унија што беше потпишана во средата и синоќешната, едногласна одлука, на владата во Белград со која се бара од КФОР да дозволи распоредување на одреден број на припадници на српските безбедносни сили на северот на Косово.

Како што јавуваат српските медиуми, ноќеска е уапсен Слаѓан Трајковиќ кому му едреден притвор. И тој, како и претходно уапсениот Дејан Пантиќ, се товари за терористички акти, изјави неговата сопруга за РТС.

Припадниците на косовската полиција од српска националност на почетокот на ноември ја напуштија службата, како и сите Срби во јавната администрација, поради незадоволство од одлуките на косовските власти, пред сè, дека никогаш нема да биде формирана Заедница на српски општини, иако е предвидена со претходно потпишаниот Бриселски договор.

Апсењето на Пантиќ предизвика револт меѓу мнозинското српско население на северот на Косово, што резултира со блокада на повеќе сообраќајници, протест кој влезе во седмиот ден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе