Вести Свет Топ вести

Експлозија на автомобил бомба во Турција, повредени осум полицајци и цивил, приведени две лица

Осум полицајци и еден цивил се повредени утрово во турската провинцијата Дијарбакир, кога автомобил-бомба експлодирал на автопат додека покрај него минувал полициски минибус. Министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу изјави дека две лица се приведени и оти се верува дека тие се одговорни за експлозијата.

„Во 05:10 часот утринава дошло до експлозија во паркирано возило, во моментот кога минувало полициско возило со кое се превезувале работници на работа во Дијарбакир“, изјави турскиот министер.

Канцеларијата на гувернерот на Дијарбакир соопшти дека во експлозијата нема сериозно повредени, но деветте лица кои се наоѓале во блиндираниот минибус се пренесени во болница на подетални прегледи. Експлозијата се случила на околу 10 километри јужно од центарот на Дијарбакир, најголемиот град во регионот.

Сè уште никој не ја презел одговорноста за експлозијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе