Вести Свет

Првиот човек на полската полиција ранет во експлозија на подарок што го добил во Украина

Првиот човек на полската полиција е ранет во неговиот штаб во Варшава при експлозија на подарок што го добил за време на посетата на Украина, објави попладнево полското Министерство за внатрешни работи.

Јарослав Шимчик го добил подарокот од еден од челните луѓе на украинските итни служби при престојот во Украина на 11 и 12 декември.

„Командантот е полесно ранет и од вчера е во болница“, соопшти министерството за инцидентот што се случил вчера попладне.

Засега е нејасно за каков подарок станувало збор. Полските медиуми јавија дека во експлозија во седиштето на полицијата е ранет Шимчик и оштетен е дел од покривот на зградата.

Полска веднаш реагирала до украинските сили со барање за релевантни објаснувања за случајот, се наведува во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе