Вести Свет Топ вести

Едногласна одлука на владата во Белград: Србија ќе побара од КФОР враќање на српски безбедносни сили на Косово

Србија и дефинитивно ќе побара од КФОР враќање на спрски сили на Косово. По шест дена барикади, српската влада на вонредна седница одлучи да се повика на Резолуцијата 1244 и уште вечерва, во електронска форма, а утре и на писмено да го достави барањето до командантот на КФОР на еден од административните премини.

Според српските медиуми, барањето на српската страна се однесува на дозвола за распоредување на 100 до 1.000 припадници на воено-полициските сили на дел од косовската територија. Иако е гласен во барањето, српскиот претседател Александар Вучиќ, сепак, е скептик дека КФОР ќе го прифати.

Ваквата одлука на владата во Белград доаѓа по еден ден од свечената церемонија во Приштина на која претседателката Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и претседателот на Собранието, Гњаук Коњуфца ја потпишаа апликацијата со која се бара членство на Косово во Европската Унија.

Идејата на Вучиќ за враќање на српски безбедносни сили на Косово, според претседателката Османи е хегемонистичка и патем порача дека таа приказна е завршена во 1999 година.

На северот од Косово, пак, продолжуват протестите и барикадите заради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ.

Косовоската полиција не дозволува поминување преку граничните премини Јариње и Брњак.

Кризниот штаб во Митровица апелираше до срспките граѓани да останат мирни и да не дозволат да бидат испровоцирани.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачки пред велешани: Реконструкција на пругата кон Кочани, електрификација на железничката линија за Битола

Дејан Дејан

Му платила за дрва, дрва не добила – кумановка измамена за 6.000 денари

Дејан Дејан

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе