Вести Свет

ФОТО: Српска нарко банда пакувала кокаин во бетонски блокови- го шверцувала низ цела Европа

Кокаин од јужно-американско производство бил транспортиран со бродови преку холандското пристаниште во Ротердам. Српскта нарко банда која го организирала шверцот денеска е уапсена во повеќе држави во Европа, а беше откриен и начинот како се криел кокаинот и развезувал низ големите европски градови.

Запленети се 115 килограми кокаин, од кои нахголем дел во складиште на фирма во белгискиот град Арлон. Фирмата бил во сопственост на српските криминалвци и била користена како параван за шверцот на кокаинот низ цела Европа.

Кокаинот кој стигал во Ротердам бил префрлуван во магацинот во Арлон. Таму кокаинот бил лиен во бетонски блокови. Групата претходно купувала бетонски блокови од Луксембург, но дел од нив ги менувала со блоковите „збогатени“ со кокаинот.

Потоа биле префрлани во магацин на истата компанија во германскиот град Трир, за на крај со камион, бетонските блокови да бидат префрлени во Лонодн каде бил пазарот на нарко групата.

Уапсени се двајца во Холандија, 5-мина во Белгија и Луксембург (тројца српски, еден босански државјанин и едно засега непознато лице). 8-миот член на групата е уапсен во Белград, а српската полиција ја покажа снимката на апсењето.

При акцијата, во Арлон (Белгија) се откриени 22 бетонски блока во кои биле излеани по три кокаински пакети. Секој пакет тежел по 1,120 килограми. Кај уапсените се најдени пари и оружје.

Според српската полиција, уличната вредност на запленетиот кокаин е околу 10 милиони евра. Во акцијата учествувале српската, белгиската, холандската полиција, како и ЕУРОПОЛ и ЕУРОЏАСТ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со исправа со невистинита содржина, станала директорка на детска градинка – кривична пријава против 44-годишна велешанка

Дејан Дејан

Зголемувањето на цената на полисите за автомобилско осигурување е неоправдано – реакција на АСО

Дејан Дејан

Мицотакис: Ниту С-300, ниту Патроит за Украина, тие системи ни требаат на нас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе