Вести Македонија Топ вести

Зголемувањето на цената на полисите за автомобилско осигурување е неоправдано – реакција на АСО

Зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор, се вели во реакцијата на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) по одлуката на осигурителните компании за зголемување на давачката при регистрација на возила.

„По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената, направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано“, стои во соопштението на АСО.

Агенцијата за супервизија на осигурувањето информира дека доставила предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

Поскапува задолжителната осигурителна полиса – нови цени за регистрација на возила

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе