Вести Македонија Топ вести

По 13 неуспешни тендери, до крајот на годинава ќе се знае дали ќе има договор за изградба на „Чебрен“

До крајот на годинава треба да се знае дали најновата понуда за изградба на хидроцентралата „Чебрен“ на Црна река, ќе заврши со договор. Досега 13-те распишани тендери беа неуспешни, за идејата стара повеќе од 30 години, што би требало да и донесе сигурност на државава во снадбувањето со електрична енергија.

Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија вели дека кога се работи за значајни инвестиции треба да тргне политиката настрана.

За да се привлечат сериозни инвеститори мора институциите да бидат поефикасни во спроведувањето на процедурите.

„Имаме ресурси, но немаме ресурсот политичари ни фали, немаме здрави политичари коишто здраво знаат да размислуваат надвор од она што значи дневна политика. Токму тоа денеска ни се случува, токму тоа ни се случува и со пропаднатите разни тендери, веројатно има причина зошто не се прифатени, односно не се и реализирани, затоа што кај нас процедурите се малку подолги. Сум имал и јас случај да привлекувам инвеститор којшто е озбилен, но озбилните бегаат од нас, остануваат само тие што се спремни за договарања преговарања и одолговлечување на инвестициите, како што и ни се случува до денеска“, истакнува Кучи.

Кучи вели дека сериозните инвеститори ги оттргнува тоа што во земјава нема ефикасност во правниот систем и нема стабилност на владите.

„Доколку тој ги исполнува сите услови, има право на брзина да се жали некаде и набрзина да му се реши проблемот. Тоа кај нас непостои и нема да постои и во блиска иднина. Значи владеењето на правото е број еден. Број два е стабилноста на владите кај нас, односно немањето стратегија според која ќе се движат и нивните програми коишто се економски не се одржливи, односно се краткотрајни. Во долг рок тие пропаѓаат“, вели Кучи.

Инвестицијата во Чебрен би значело зголемување на домашното производство на електрична енергија, особено значајно во услови на енергетска криза.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе