Вести Македонија Топ вести

Злоупотребите на балансерот ќе се надминуваат со законските измени

Еден ист кандидат на различни огласи за вработување се пријавил со различна етничка припадност. Ваквите злоупотреби на балансерот ќе се надминуваат со законските измени најави министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Тој не планира промени на процентите  во балансерот по кои ќе се вработува во припадници на етничките заедници во администрацијата, а кои сега се вкупен збир на резидентното и нерезидентното население. Министерот тврди -тоа е според методологија од 2015.

  • Кандидатот кој ќе аплицира за одредена работа, откако еднаш ќе селектира националност Македонец, Албанец, Турчин или друга националност, истата нема да може да ја промени, како што е ситуацијата со ЕМБГ, што не може да се промени- Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.

Методологијата на која се повикува министерот посочува единствено дека при распределба на вработувањата треба треба да се земе предвид процентуалната застапеност на припрадниците на заедниците од последно спроведениот попис, но не е посочено дека треба да е вкалкулирано и нерезидентно население. Ова беше спорно и за статстичарите кои посочуваа дека сите планирања во државата се вршат врз основа на резидентното насление.

Алити ветува и деполитизавија на администрацијата и вработување по мерит систем, Со измените на законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници кои се на јавна расправа.

Професионализација на адмнистрацијата не може без да се професионализираат раководниот кадар одговараат од синдикалците. Овој процес го кочат партиите кои се тепаат на чело на државните институции да бидат нивните кадри наместо да се унапредуваат стручните и квалитетните, вели Трпе Дејановски од УПОЗ

  • Во постоечката законска рамка има таков вакуум што им дава можност на политичките партии да вработуваат нивни послушници. Постојат ситуации каде без тестирања и без соодветни документи можеа да се вработат лица во јавен сектор. Тоа ние сега сакаме да го коригираме- Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација
  • Доколку сакаме реформа во јавна администрација, првиот Закон што треба да се донесе е Закон за високо раководна служба, каде што ќе се ограничи, односно ќе се оневозможи на Владата да именува директори и генерални секретари, туку тие функции ќе ги извршуваат професионалци. Не се проблем вработените, туку проблем се менаџерите, односно политичките партии, кои сами си вработуваат луѓе- Трпе Дејановски, УПОЗ.

Драфт верзија на Законот за висока раководна служба министерот ја најави за крајот на годината. Синдикалците посочија и други проблеми – дискриминација во зголемување на плати, долги дисиплински постапки и нетранспарентност.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе