Вести Македонија Топ вести

Извештај на ЕК за напредокот на Македонија предизвика нови поделби во Собранието

Власта и опозицијата во Собранието повторно се поделија, овојпат дали Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија за пристапување во Европската унија е добар или лош за земјава. Претставниците на владата и владеачкото мнозинство пред Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања денеска разгледувајќи го европскиот документ се пофалија со напредокот кој го постигнала земјава по одделни области во изминатата година, ги нотираа областите каде е потребно да се направи повеќе, а фокусот во обраќањата го ставија на потребата од деблокирање на Собранието кое е поларизирано и постигнување на консензус за уставните измени.

Европската унија бара од нас да делуваме унисоно во европската агенда, а не само декларативно“, рече Арбр Адеми, претседател на Комисија за европски прашања.

„Нам ни е неопходен консензус и за реформите поврзани со ЕУ, нам ни е неоходен консензус и за успешно продолжување и завршување на преговорите“, изјави Бојан Маричиќ, вицепремеир за европски прашања.

Пратениците од опозицијата пак не се согласија со нивните оценки. За нив Извештајот за земјава е речиси идентичен како претходниот, а послаб од тој од 2020 и од 2019 и оти тој не е за радување, а обвинија и за партизација на преговорите со ЕУ.

„Во речиси 50% од областите кадешто Македонија е оценувана, Македонија или нема напредок или има незадоволителен напредок“, рече Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Извештајот има слична како и досега и дека внатре се сочуваме со хронични болести. Дијагнозата е умерена подготвеност во повеќе кластери“, рече

Пред да ги ислуша ставовите на власта и опозицијата евроамбасадорот Дејвид Гир, им го презентираше Извештајот на Советот и Комисијата и уште еднаш им ја испрати европската клучна порака до нив – да соработуваат.

„Ова е дел од поголема појава на политичка поларизација, на пошироко ниво, што бара напори од сите политички чинетели за да се залечи“, порача Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во РС Македонија.

Сепак клучната порака до спротивствените страни во Собранието дека е време за освестување стигна од бизнис заедницата, која кратко и јасно гласеше – престанете со реториката во Собранието која не води кон продуктивност која ќе и помогне на државата да преживее.

„Економијата во Македонија пропаѓа. Заради блокади кои се настанати заради милион и едно прашање во овој Парламент, ниту еден економски закон не поминал низ Парламентот. Јас не ве разбирам зошто го правиме ова. Опозицијата ќе стане власт истите проблеми ќе ги има. Дајте направете посебни седници со економски прашања, посебни сендици со политички прашања, не блокирајте се на куп. Ова не можеме да го издржиме“, Антони Пешев, извршен директор на Стопанска комора на Македонија.

И доека апелот на бизнисот стигне до ушите народните пратеници и партиите да не блокираат, претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ побара кога следен пат ќе закаже седница да не се закажуваат, како што рече, намерно, по неколку седници на собраниски комисии во истото време.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе