Вести Македонија

ВМРО – ДПМНЕ: Власта наместо да изврши интервентен откуп на домашната купува пченица по цена 25 проценти повисока од берзанската

Агенцијата за стоковни резерви потроши околу 9 милиони евра, во два наврати, за набавка на 20.000 тони пченица. Цената која ја плаќаат за килограм оди дури и над 26 денари за килограм. Односно над 6 денари поскапо од тоа што се тргува на регионалните берзи, обвини денеска Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите кои ги сподели со јавноста на 24.08.2022 и 25.08.2022 година, Агенцијата склучува два договори во вредност од 4,4 милиони евра и двата, за набавка на 10.000 тони пченица, едниот со фирмата Агроглобал трејд ДОО Скопје, а другиот со Кокра Е Арт од  Тетово. Месец и половина подоцна, на 04.10.2022 година, Агенцијата повторно склучува договор со фирмата Кокра Е Арт од Тетово, исто така за набавка на 5.000 тони печница, овој пат за вредност од 2,1 милион евра, а само два дена подоцна на 06.10.2022 година склучува уште еден договор, исто така за набавка на 5.000 тони пченица во вредност од 2,2 милиони евра, овој пат со фирмата Млин Аргулица од Карбинци.

– И во двата случаја се извршени по две набавки, вкупно 4 на број, и набавени се 20.000 тони пченица. Цената на килограм пченица во еден договор е околу 26 денари, а во трите други над 27 денари за килограм, вели Трипуновски.

Според него целиот случај отвора сериозен сомнеж за огромни профити кои завршуваат во нечии џебови, ако се земе предвид дека берзанската цена на пченицата во Србија изнесува околу 20.5 денари за килограм, ако на тоа се стави и цена на транспорт која е околу 2 денари за килограм, доаѓаме до цена за килограм не поскапа од 22.5 денари. Но во случајов цената која ја плаќа Агенцијата е над 6 денари повисока од цената која е на берза од замислете дури за 8 денари повисока од македонската пченица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

НАЈНОВА ВЕСТ: Дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе