Вести Македонија

Шекеринска избрана за потпретседател на Партијата на европски социјалисти

Поранешен министер за одбрана и потпретседател на СДСМ, Радмила Шекеринска, во Берлин е избрана за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС).

-Ми претставува огромна чест да ве информирам дека на Когресот во Берлин ме избраа за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС). Честа е дотолку поголема што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската унија, пишува Шекеринска на својот фејсбук-профил.

Таа изразува благодарност до новиот претседател на партијата Стефан Лвен, кој го дал предлогот и до сите нејзините колеги кои го поддржале.

Честитка за нејзиниот избор и упати и премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски кој меѓу другото во пораката на фејсбук оцени дека ова е голем успех за земјата и за сите македонски социјалдемократи.

-Честитки Радмила! Изборот за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) е голем успех и убава вест за земјата и за сите македонски социјалдемократи! Особено што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција – потпретседател, личност која доаѓа од земја која се уште не е полноправна членка на ЕУ! Благодарност до ПЕС за поддршката и за одлуката! Радмила Шекеринска е вистинскиот избор!, напиша на ФБ премиерот Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе