Вести Македонија

Здружението на бугарскиот клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола ги дискриминирал сите граѓани во земјава и тоа по национална и етничка основа.

Битолскиот Сојуз  на борци  ја доби битката  против здружението Иван Михајлов регистрирано во Битола за дискриминација и вознемирување по национална и етничка основа. Ова го утврди Комисијата за заштита од дискриминација по претставката што до неа  ја поднесе боречката организација, во која се наведува дека здружение со име на еден од  најголемите  експоненти  на фашизмот  е директен напад врз македонскиот антифашизам и борбата за создавање македонска  држава и идентитет.

-Се утврдува продолжено и повеќекратно вознемирување како потежок вид на дискриминација извршена од културниот центар ‘Иван Михајлов‘ од Битола кон членовите, семејствата и почитувачите на Сојузот на борци од НОБ, но и на македонскиот народ и припадниците на сите етнички заедници., изјави Весна Бендевска, од Комисјата за заштита од дискриминација.

Комисијата констатираше  пропусти  и кај Министерството за правда затоа што овозможи да се случи дискриминација на поголема група граѓани.

-Комисијата утврди извршена индиректна дискриминација од Министерството за правда поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности со што му се овозможило на здружението Иван Михајлов од Битола да врши дискриминација, вели Бендевска.

Во текот на постапката Комисијата се обрати и до Институтот за национална историја за  стручно мислење за ликот и делото на Ванчо Михајлов, во кое меѓудругото се наведува.

сметаме дека именувањето на било каков центар, клуб или здружение на граѓани со името на Иван Михајлов претставува провокација без преседан и навреда за македонскиот народ, се наведува во стручното мислење на ИНИ.

Комисијата му даде рок на здружението Иван Михајлов од 45 дена да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот  и програмата кои предизвикуваат вознемирување, а рок од 30 дена да ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи. И Миниситерстово за правда има рок од 45 да изврши надзор на примената на одредбите на Законот за здруженија. Од правда пак велат дека Министерството нема надлежност да врши надзор над работата на здруженијата.

Со оглед на тоа дека во називот на здружението – Културен центар Иван Михајлов,  содржано е името на историска личност, а земен e предвид фактот дека не постои регистар на историски личности или било кој друг документ со кој може да се утврди статусот на историската личност, Министерството за правда не  издаде одобрение за употреба на името ,,Иван Михајлов‘‘ во името на здружението.“, се наведува во соопштението од Министерство за правда.

И покрај констатираните потешки форми на дискриминација, Комисијата нема право да забрани работа на здруженија, туку само да даде препораки и да следи дали тие се споревдеуваат.

Емилија Мисирлиевски

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина 13-годишно момче кое беше меѓу повредените во нападот со мачета во Лондон

Дејан Дејан

Палевски, осомничениот за ликвидацијата на Вања и пензионерот Панче ќе биде екстрадиран, но не се знае кога МВР ќе го преземе

Дејан Дејан

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе