Вести Македонија

Спасов: Квалитетот на почвата се губи и поради нередовните агрохемиски анализи

Исчезнувањето на сточарството директно влијае врз губење на квалитетот на почвата, тврдат експертите. Намалувањето на сточниот фонд  доведува и до намалување на производството на домашно арско ѓубре поради што почвата е сѐ посиромашна.

Универзитетскиот професор Душан Спасов вели дека квалитетот на почвата се губи и поради нередовните агрохемиски анализи. Земјоделците сѐ уште немаат навика да го следат составот на почвата што придонесува до послаб квалитет и приноси.

Струмичките ниви не само што губат на квалитет, туку и губат на атрактивност затоа што речиси третина од плодната површина во Струмица останува необработена.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вреди и ВМРО-ДПМНЕ согласни за заедничка влада по изборите

Дејан Дејан

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе