Вести Македонија Топ вести

Маратон сепак ќе има, Општина Охрид ја превзема организацијата

Традицијата продолжува. Охридскиот маратон сепак ќе се одржи а за тоа ќе се погрижи Општина Охрид која ја превзеде организацијата на овој меѓународен натпревар додека паричниот фонд за наградите ќе ги обезбеди Агенцијата за млади и спорт.  ГРадоначалникот Пецаков и директорот на Агенција за лади и спорт Мојсоски денеска имаа средба на која е најдено решение. Меѓутоа маратонот нема да се оджи традиционално на крајот од овој месец и датата е помесетена за 11 септември како поради настанатите проблеми така и поради маратон кој во моментов се одржува во Италија.

Во моментов се испраќаат покани до натпреварувачите од странство за да го потврдат учеството на маратонот но тука е проблемот со финансиите бидејќи на последните три маратони воопшно не се исплатени премиите за победниците  и учесниците како и самиот термин бидејќи темературата на воздухот и водата е пониска од онаа во август.

Проблемот лежи во фактот што пливачката федерација има блокирана сметка веќе десет години и не може да има прилив на средства. Нејасно е зошто една декада проблемот не е решен. За ова е запознаен и директорот на агенцијата за млади и спорт Наумче Мојскоски, кој пак го брифирал претседателот Пендаровски, покровител на оваа манифестација.

Претседателот на пливачката федерација Горан Стојановски, кој на функцијата стапува во февруари годинава, ги известил обвинтелството и Антикорупциска за блокираната сметка и долговите и побарал да го истражат финансиското работење на претходниците. А федерацијаат се финансира исклучиво преку Агнецијата за мади и спорт.

Првата маратонска трка на релацијата „Горица – Охрид“, во должина од 2,5 км, е одржана во 1954 година, учествувале осуммина пливачи, а победил Нико Нестор. Првиот вистински маратон се одржал во 1962 година на патеката Пештани – Струга – Охрид во должина од 36 км и победил Абу Хеиф од Египет додека во женска конкуренција победила Атина Бојаџи од Македонија. Oд 1992 година маратонците пливаат по патеката „Климе Савин“ а од 19988 година и офцијално влегува во календарот на ФИНА.  Најуспешен пилвач на охридскиот маратон е бугарскиот натпреварувач Петар Стојчев.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе