Вести Македонија

Судскиот совет не ги прифаќа приговорите на судиите, мора да бидат пензионирани

Седум судии од 42-ца судии незадоволни што на 1 јули беа пензионирани поднеле жалби и приговори до Судскиот совет. Судиите од Битола, Штип и Струмица, меѓу кои и двајца претседатели на судови аргументирале дека одлуката на советот да ги пензионира е спротивна на Уставот дека претходно веќе им бил продолжен работниот век и по 64-та година, но и дека Законот за работни односи, кој не беше изгласан на 1 јули, сѐ уште е во собраниска процедура, но и дека треба да си го довршат претседатескиот мандат од 4 години.

Пензионираните судии не можат да се вратат. Нови излезени од академија ќе може да се бираат на крај на годината. До тогаш Судскиот совет ќе ги пополнува празнините со делегирање на судии од еден во друг суд. Црвенковска вели дека пред околу еден месец испратиле до сите судови писмо со кое бараат судии сами да се пријават да бидат прераспределени во друг град. Веќе ги добиле и првите судии доброволци. Но Црвенковска е оптимист дека нема да има застој во предметите.

Судскиот совет ги пензионираше и двајцата членови Зоран Теофиловски и Киро Здравев, следниот месец во пензија оди и Гордана Спиревска. За да се пополнат испразнетите места ќе се бираат нови членови од редот на судиите. Судскиот совет распиша оглас и формираше комисија која ќе ги подготви кандидатските листи.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

НАЈНОВА ВЕСТ: Дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе