Вести Македонија Топ вести

Макрон: Македонци вие треба да се изјасните, моќта да го смените текот на историјата е во ваши раце

Северна Македонија повторно се наоѓа пред клучен момент од својата историја. Седумнаесет години по добивањето кандидатски статус, штотуку се отвора историска можност: влегување во активна фаза на процесот за пристапување кон Европската Унија. Изборот е ваш, се вели во пораката од претседателот на Франција, Емануел Макрон, објавена од Француската амбасада во Скопје.

Ваше е, порачува Макрон, да ја донесете одлуката која ќе ја обликува иднината на Северна Македонија, за која, како што вели, е убеден дека нејзина определба е да биде целосно дел од европското семејство.

– Сега останува на вас Македонците да се изјасните. Моќта да го смените текот на историјата отсега е во ваши раце. Нема да ви кажам дека овој договор е совршен, но ќе ви го расчисти европскиот пат. Како и секој договор, така и овој се заснова на компромиси и рамнотежа. Овој договор не го доведува во прашање официјалното постоење на македонски јазик, кој е составен дел на вашиот идентитет, порачува Макрон.

Во овој договор, посочува Макрон, е наведен Договорот за пријателство со Бугарија од 2017 година.

– Тој гарантира негово добро спроведување, во име на добрососедските односи, кои се темел на европските вредности. На крај, станува збор за ревизија на Уставот за да се интегрираат нови заедници во него. Вашата земја веќе претставува пример за соживот во Европа. Ќе треба да се изјасни Македонското собрание, нагласува во пораката францускио претседател.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе