Вести Македонија

Општина Штип и А.Д „Аеродроми“ во битка за градежна парцела – нова индустриска зона или сончеви панели?

Битка за градежна парцела  се води меѓу Општина Штип и АД за аеродромски услуги Аеродроми.

Претходната, но и сегашната локална власт на парцелата од 30 хектари сака да прави нова индустриска зона, додека пак Аеродроми сакаат да постават сончеви панели за производство на струја.

Земиштето е државно и се протега меѓу приградската населба Три Чешми и Калимерово.

Штипскиот градоначалник, Иван Јорданов порача дека оваа локација на која има развиена инфраструктура и  е на самиот влез и излез на градот Штип не треба да се постават фотоволтаици.

Индустриската зона е на барање на бизнис секторот, бидејќи Штип нема големи парцели во старите зони за изградба на фабрики.

Општината почнала со изработка на нов Детален урбанистички план, но АД „Аеродроми“ веќе иницирале пренамена на земјиштето.

Лани ова акционерско друштво во државна сопственост го променило и статусот, освен основната дејност поврзани со транспортот,  добива и две нови –  производство и трговија со  струја.

„Спорот треба да го реши Агенцијата за просторно планирање. Од таму од нас се бара мислење за поставувањето на сончевите колектори, ние сме против но сепак конечниот збор треба да го има Агенцијата“ – велат од Општина Штип

Интересот за изградба на фотоволтаици е огромен, фотоволтаични централи се очекуваат во атарите на селата Чардаклија, Калимерово, Криви Дол, Сарчиево и Љуботен.

Во близина на Три Чешми, но на сосема друга локација треба да никне фотоцентрала со моќност од 10 мегавати.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе