Вести Македонија

Иновација за слепите лица како лична донација за Завод и музеј Битола

По повод меѓународниот ден на музеите 18ти мај, проф. д-р Игор Неделковски, проректор за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ пред експертите на НУ Завод и Музеј Битола презентираше Методологија за изработка на 3Д тактилни мапи и слики на културно-историски споменици, која ја разви во соработка со м-р Јове Парговски и консултации со д-р Ирена Ружин од НУ Завод и Музеј Битола и Весна Софрониевска од Сојузот на слепи – Битола.

Оваа методологија се заснова врз дигитализација на постојните културно-историски споменици кои потоа се печатат во 3Д тактилни модели според Стандардот за тактилна графика објавен во 2010 од Брајовата Асоцијација на Северна Америка (BANA). 3Д тактилните модели преку допир можат да ги „гледаат“ слепите лица.

Проф. Игор Неделковски во оваа лична донација, обезбеди и опрема за изработка на 3Д тактилни модели.

Во просториите на НУ Завод и Музеј Битола го демонстрираше користењето на оваа методологија и технологија, а изработените модели ги тестираа слепи лица од сите возрасти од Битола. Тие лица за прв пат преку допир имаа можност да „видат“ како изгледаат некои од најзначајните културно-историски споменици од Битола.

„Оваа технологија за трансформација на фотографии во тактилни слики е новина на овие простори, а релативно и во Европа и пошироко. Како стандард е пропишана во 2010 година од Брајовата Асоцијација на Северна Америка (BANA). Оваа методологија овозможува фотографиите да се претворат во 3Д тактилни графики, на начин кој е разбирлив за слепите лица. На тој начин тие преку допир можат да ги „видат“ фотографиите, освен бојата  која можат да ја доловат преку наративен опис. Ние со експертите од НУ Завод и музеј – Битола подолго време работиме на оваа проблематика и веќе имаме искуство со изработка на 2Д тактилни слики од уметнички дела како што се слики и фрески кои повеќе пати ги имаме како изложби презентирано на слепите лица. Сега ја надградивме оваа технологија во 3Д со која го визуелизиравме како тактилни 3Д модели најзначајните културно-историски објекти во Битола. На овој начин преку допир слепите лица ќе можат да ги „видат“ најзначајните објекти во Битола за кои толку многу слушале но никогаш не ги „виделе“ – изјави Проф. д-р Игор Неделковски.

Тактилните модели преку NFC и QR технологија се поврзани со апликаација  за паметни уреди (телефони, таблети) која содржи наративен опис за објектите и видео на знаковен јазик.

Со ова Битола ќе биде прв град на Балканот и меѓу првите во Европа што ќе ги направи „видливи“ своите најзначајни културно-историски споменици за слепите лица. Со тоа ќе може да привлече и туристи – слепи лица кои ќе можат да ги „видат“ културно-историските споменици на Битола. Пристапниот туризам наменет за лица со попречености во Европа и светот се повеќе добива на значење, не само од аспект на креирање инклузивно општество туку како и сериозен извор на приходи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе