Вести Македонија

Скопје и Софија продолжуваат со преговорите, но и натаму се далеку од договор

Македонија и Бугарија и натаму преговараат, но се чини дека се далеку од договор. И двате страни потврдуваат дека сѐ уште нема документ кој може да биде основа за решавање на проблемот.

Во овој момент министерствата за надворешни работи комуницираат меѓусебе. Немаат услогласено документ што може да биде основа за одлуки. Што се однесува до јуни, ќе има самит на ЕУ, но не се врзувавме со датуми. Ни треба решение со двете држави во рамки на ЕУ еден ден, изјави премиерот Ковачевски.

Дека разговорите продолжуваат потврди и бугарскиот премиер Кирил Петков. Бугарска делегација на 22-ри мај доаѓаа во Скопје, но и Петков ги отфрла тврдењата дека ќе биде потпишан конкретен договор за време на престојот на делегацијата од Софија во Македонија.

Средбата сѐ уште не е финализирана, но едно е сигурно, ние само го продолжуваме конструктивниот дијалог, но нема да биде потпишано ништо конкретно, изјави Петков.

Преговорите продолжуваат во време на зголемена напнатост на македонско-бугарските односи. Минатата недела и премиерот Ковачевски и министерот за надворешни Бујар Османи кажаа дека крајот на летото е неформален рок до кога очекуваат да се реши проблемот со Бугарија и да се одблокира европскиот пат на Македонија.

Во меѓувреме, Франција, која до први јули претседава со Европската унија, соопшти дека е решена, во случај на договор меѓу Македонија и Бугарија, да организира меѓувладини конференции со Македонија и Албанија.

По средбата на францускиот министер за надворешни Жан-Ив Ле Дриан со министерот Османи, на маргините на министерскиот состанок во Маракеш, Француското Министерство за надворешни работи и Европа соопшти:

Францускиот министер, ја подвлече целосната поддршка на Франција за постигнување балансиран и заемно прифатлив компромис меѓу Бугарија и Северна Македонија. Франција е решена, во случај на договор, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската унија и Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија.

Самитот на Европската унија е закажан за 23 и 24 јуни во Брисел. Од први јули претседавањето со Унијата го презема Чешка.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Пет лица загинаа, 33 се повредени, 140 фаврички погони се оштетени – торнадо во Кина

Дејан Дејан

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе