Вести Македонија Топ вести

Малески не очекува Бугарија да го крене ветото, но гледа храброст кај Петков за решавање на проблемот

Изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков дадена за време на неговата посета на Вашингтон влева оптимизам за решавање на проблемот со Македонија и евентуално тргање на бугарското вето за почеток на преговори на земјава со Европската унија.  Првиот македонски министер за надворешни работи Денко Малески препознава храброст кај бугарскиот премиер, проблемот да се реши, иако тоа би можело да ја урне владата во Софија.

За тоа е свесен Петков, кој лично смета дека местото на Македонија и Албанија е во ЕУ, и смета дека треба да се почне со преговорите. Свесен е за реалностите на својата коалиција, но имам впечаток дека е спремен да ризикува, макар и да ја изгуби власта. Дали ќе биде така ќе видиме наредниве денови, вели Малески.

Во американскиот притисок за решавање на македонско-бугарскиот спор,  Малески прави паралела со Преспанскиот договор со кој се реши 25-годишниот спор со Грција околу името. Решение беше можно, вели Малески, кога се вкрстија интерсите на Соединетите држави и на Западот на Блаканот. Сега, со војната во Украина безбедносното прашање е уште поизразено.

Америка традиционално е супер сила чија моќ се проектира од еден центар и тоа е многу посилно. Таа проекција на американскиот интерес главно ги решава проблемите во светската политика многу повеќе отколку овој Демократски сојуз на ЕУ, во кој постои разногласие, смета малески.

Дали е можно решение да се постигне до јуни, за кога е закажан Самитот на Европската унија, Малески не сака да прогнозира. Нагласува дека решението нема да биде со целосна согласност на двата парламенти особено не во време на националистички тенденции и во Македонија и во Бугарија. Разликата е сега што бугарскиот премиер има нов пристап.

Петков е нов човек, и по умот, и по начинот на кој пристапува. Како ќе изнавигира во домашната  политика за да обезбеди мнозинство кое ќе го поддржи во парламентот и да не ја избгуби власта во тој процес на кревање на вето, тоа ќе го гледаме. Некои слични проблеми ќе гледаме и во нашата политика која е прилично поларизирана меѓу двете главни македонски партии, смета малески.

Евентуално решение на македонско бугарскиот спор ќе мора да помине во двата парламенти, кои пак имаат две спротивставени Резолуции за ова прашање. Оценката на Малески е дека е важно како извршната власт ќе постапи кога тоа ќе се случи.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе