Економија

ЕПИ: Македонија напредува во транспарентноста и јавните финансии, импелемнтацијата на законите останува проблем

Македонија напредува во транспарентноста и јавните финансии, импелемнтацијата на законите останува проблем како и давањето на услуги кон граѓаните покажа извештајот од мониторинг на реформата во јавната администрација 2019/2020 кој го спроведе Институтот за европска политика ЕПИ. Отчетноста на инстиуциите и пристапот до информации од јавен арактер е подобрена но државните институции речиси секога се констултираат со невладинито сектор откако законите или реформите се веќе подготвени

Македонија бележи напредок во спроведување на реформите на јавната админстрација како и во транспарентноста и јавните финансии но кога станува збор за давањето на услуги кон граѓаните нема поместување, покажува извештајот од мониторинг на реформата во јавната администрација 2019/2020 кој го спроведе Институтот за европска политика ЕПИ.

Во изработка на извештајот истражувачите од ЕПИ спроведоа анкети кај граѓаниските организации кои се изјасниле негативно околу напредокот додека граѓаните дале позитивни мислења околку отчетноста на финансиите, транспарентноста на иституциите и администрацијата.

Споредено со државите во Западен Балкан, Македонија е најдобра во делот на јавните финансии бидејќи се креирани веб страници за нивно следење.

Кога станува збор за отчетноста состојбата е многу подобра споредено до периодот 2017/2018 година а мнозинството од граѓанските организации ги добиле инфромациите од јавен карактер во предвидениот рок, бесплатно и во бараниот формат.

Сепак невладините имаат сериозна забелешка бидејќи државните иституции речиси никогаш не ги вклучувале во рана фаза при изработката на законите и креирањето на политики а консултациите се вршат обично кога документите се се подготвени.

Една од клучните забелешки е што стратегијата за реформа на админситрација не предвидува вклулување на невладиниот сектор во координацијата и мониторингот. Клучна забелешка при реформите на јавната администрација се дека невладиниот сектор.

Информациите околу работењето на Владата се достапни и разбирливи но кога се работи за електронските услуги кои им се нудат како алатка на граѓаните има многу простор за напредок бидејќи од 700 услуги само околу 150 се електроснки додека другите содржат упатства како и каде граѓаните да ги довбијат бараните документи.

Како една од слабостите наведени во истражувањето на ЕПИ е имплементацијата на законите за државните службеници и јавната администрација, како и пополнувањето на админстрацијата преку агенциите за приверемени вработувања и критериумите и комисиите за слеекција на кандидати.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во моментов нема индикатори за нов ценовен бран, но мора да произведуваме повеќе

Дејан Дејан

Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите

Дејан Дејан

УТРИНСКА ТЕМА – Како до побезбедно и подоверливо онлајн купување – Виктор Стојкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе