Вести Македонија

Почина овчарот Златко Божиновски од кратовско кого Итна помош го извлекуваше на раце без надлежните да пратат соодветно возило

63-годишниот овчар по една седмица во кома, утрово почина во Штипската болница, потврдија за Телма од болницата.

Сточарот Златко Божиновски преживеа мозочен удар, а за неговиот случај се разбра откако лекар (Павле Зафиров) од кратовската Итна помош преку ФБ објави како неколку часа го носеле во импровизирана носилка од бачилото во кратовските планини до возилото за итна помош кое не можело да стаса поради непристапен терен.

Откако лекарот ја објави информацијата и фотографиите од спасувањето на ФБ, напиша и дека ниту една институција не испратила соодветно возило или помош за да се обезбеди побрз транспорт.

Претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот Никола Димитров, но и други владеачки функционери реагираа и соопштија дека станува збор за несоодветна реакција на терен, а директорите на ЦУК и на ДЗС изјавија дека тоа што било побарано било преземено (ЦУК), односно дека Дирекцијата за заштита и спасување воопшто не била информирана, а има соодветни џипови за планиснки терени.

Се отвори и прашањето за употреба на хеликоптери на АРМ и на МВР, но ниту тие не биле известени односно не била побарана помош од нив.

Случајот кој заврши со смрт на 63-годишниот Златко Божиновски уште еднаш покажа дека во Македонија нема соодветен систем за медицинско спасување и извлекување, ниту пропишан и ефикасен начин за употребата на хеликоптери во хуманитарни цели за спасување на човечки животи.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Влегол со автомат во казино во Лешок, го репетирал и одзел над 5.000 евра – притвор за 28-годишен жител на Непроштено

Дејан Дејан

Со исправа со невистинита содржина, станала директорка на детска градинка – кривична пријава против 44-годишна велешанка

Дејан Дејан

Зголемувањето на цената на полисите за автомобилско осигурување е неоправдано – реакција на АСО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе