Македонија

Истражување на ЕСЕ: Над една третина од граѓаните сметаат дека здравствениот систем е корумпиран

Годишно трошиме по стотина милиони евра за јавни набавки во здравството, а граѓаните сами купуваат завои, лекови, медицинска опрема и долго чекаат за да добијат здравствена услуга. Македонските граѓани имаат многу пречки во пристапот до здравствените услуги.

Над една третина од нив пак сметаат дека здравствениот систем е корумпиран. Ова се дел од наодите до кои дошло Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ, истражувајќи ги јавните набавки во 62 здравствени установи од 2016 до 2019 година вредни 304 милиони евра.

Секоја од  институциите склучила во просек по 291 договор во вредност од 4,9 милиони евра.

„Како резултат на корупцијата во постапките за јавни набавки загубите кои што ги трпат државите во своите буџети е некаде повеќе од 6 проценти од здравствените трошоци. И како и во Република Северна Македонија така и истражувањата надвор покажуваат дека повеќе од една третина од граѓаните сметаат дека здравствениот сектор е корумпиран или пак многу корумпиран.“- изјави Дарко Антиќ, од Здружението ЕСЕ.

Истражувањето покажало дека набавките во 2019 година иако биле помалку, сепак чинеле повеќе. Интересно е и тоа дела лани и Министерството за здравство набавувало повеќе отколку претходно.

А лани највредните набавки биле концентрирани околу три фирми.

Во 2019 година помеѓу деветте компани со кои е склучен и најголем износ на средства  во однос на договорите се наоѓаат три компании односно ДР Пановски, Алкалоид Конс и Елбиор. А концентрацијата на средствата во овие постапки не беше пракса и во претходната година. Во 2018 година деветте компании кои што слиучиле највисок износ на договори се девет различни компании – вели тој.

Анализите покажале и дека дел од здравствените институции при одредени набавки плаќаат и двојно повисоки цени од пазарните.  Па така ако пазарната вредност за миење на возила е 200 денари, одредени институции за таа услуга плаќале и по 300-400 денари.

Иако јавните набавки во здравството се втори по вредност во однос на останатите институции, аналзите на Здружението покажале дека граѓаните мака мачат да дојдат до здравствени услуги.

„Постојат здравствени установи каде што граѓаните и понатаму сами обезбедуваат одредени материјали, како што се завои, лекови и слично а истите тие треба да бидат и се предмет на набавка во овие постапки.“- вели Антиќ.

Вкупните трошоци во здравството ја чинат Македонија во просек 7% од БДП што е за два процентни поени пониско од развиените земји.

Овие расходи и кај нас и во светот годинава се зголемени поради пандемијат со корона вирусот.

Анализите покажале дека глобално корупцијата во здравството сектор може да се намали со поголема транспарентност на цената на лековите, повеќе консолидирани набавки на централно ниво или пак преку заеднички иницијативи за спроведување на набавки од јавните здравствени установи.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе