Македонија Топ вести

Сторија: Урбанистичкиот бум наспроти спокојот на жителите на општина Сопиште

Авторот и издавач Костаке Милков има куќа-семеен дом, мало двориште, мирни соседи, пес и спокој кој го нашол во Сопиште, бегајќи од гужвата и урбаниот хаос во Оксфорд, Англија и скопско Тафталиџе каде што претходно е роден и живеел. А, од оваа седмица на еден метар од него во соседниот имот пристигаат багерите и камионите и копаат за да изградат станбено-деловен простор со максимална вистина од 22 метри. За проектот кој го одобрила општината и издала одобрение за градба дознал од соседите.

Три станбени објекти со приземје три и четири ката и поткровје и деловен објект во вкупни 6 ката, на 3.000 квадрати ќе се распотелат меѓу две куќи на соседите. Објектот чиј што инвеститор е компанијата „Јако Македонија“ со коинвеститор сопственикот на земјиштето. Според, планот на инвеститорот спротивно од Архитектонски урбанистички проект сите возила ќе влегуваат и излегуваат крај работ на куќата на Милков.

Наводите на Милков не одведоа во општината по одговори. Градоначалникот чиј што потпис дава амин на градбата бил излезен на терен, а главниот урбанист во општината писмено одговори дека во одобрението за градба нема ниту една дамка иако според АУП- от целиот сообраќај треба да се одвива на малата и тесна улица 10.

Основниот проект е изготвен во согласност со Архитектонско урбанистичкиот проект (АУП) и нема разлики во однос на пристапот. Согласно Архитектонско урбанистичкиот проект, сообраќајниот пристап за моторни возила (официјалниот влез и излез во парцелата) е предвиден од пристапниот пат (улица 10) од југоисточната страна, се наведува во еден од одговорите на општина Сопиште.

Милков, го стаса рокот и вложи жалба до вторстепната комисија во министерството за транспорт и врски со надеж дека надлежните ќе се согласат со него дека освен сообраќајното решение кое е спротивно на законот, водоводната и канализационата мрежа не можат да го издржат овој објект. Можниот исход од жалбата го вклучи алармот и кај инвеститорот.

Жалбата преку второстепната комисија не го запира одобрението за градба, но ние одлучивме да не превземаме дополнителни градежни активности освен ископот на земја додека не одлучи надлежното министерство. Ќе ја почитуваме секоја одлука иако ги испочитувавме сите барања и ги наведовме сите потребни документи. Дополнително иако законот предвидува 30 отсто зеленило од вкупната површина ние вцртавме 50 проценти за да не го нарушиме амбиентот на околните жители. Добивме дозвола за максиум 6 ката, но одлучивме трите станбени куќи да бидат максимум три ката, вели надлежното лице од инвеститорот „Јако Македонија ДОЕЛ Скопје

Милков како прв сосед  е подготвен да преговара со инвеститорот во спротивно најави тужба. Очекува одговорност за општината која наместо да се грижи за правилен урабнистички развој дозволила мегаламонско градење во отуство за детален урбанистички план.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе