Вести Македонија

ФОКУС: Пуцко Петрол на суд добил 2,5 милиони евра од општина Карпош за зделката со спорната бензинска пумпа кај базенот Карпош

Скопскиот апелационен суд ја потврди  првостепената пресуда дека Пуцко Петрол нафтената компанија на Асмир Јахоски, син на пратеникот Исмаил Јахоски, треба да добие назад околу 2 и пол милиони евра што ги плати за купување на плацот за бензинска пумпа кај хотелот Александар Палас и за данокот за таа зделка, објави „Фокус“.

Второстепениот суд делумно ја потврди првостепената пресуда на граѓанскиот суд во корист на нафтената компанија „Пуцко Петрол“, која ги тужеше државата и Општина Карпош поради тоа што купила земјиште со намена за изградба на бензиска станица, меѓутоа никогаш не ја изгради.

Првично со одлука на Уставниот суд, Деталниот урбанистички план беше поништен, па бензинската пумпа не постоеше во градешните планови. Но советот на општина Карпош повторно го усвои ДУП-от и овозможи да се гради бензинската пумпа. Пуцко Петрол веќе поднесе нова тужба против државата затоа што во претходна постапка за истиот спор, Апелација ја поништи одлуката на граѓанскиот суд во корист на компанијата основана од пратеникот Јахоски.

И покрај активниот ДУП, Пуцко Петрол по вторпат се жалеше на граѓанскиот суд кадешто го доби спорот и речиси 15 милиони евра од кои најголемиот дел за претрпена идна штета од неработењето на пумпата. Карпош ја обжали пресудата, а Апелација иако има активен ДУП, сега застана на страната на компанијата поврзана со пратеник на ДУИ и изгласа дека е во право, но со 4 пати помала сума отколку првичната барана за отштета.

Преку истражувањето за оваа зделка поткрепена со градежни решенија за ДУП-от и судските одлуки, КОД го отпочна серијалот емисии за неуспешната конфискација на Трансмет, во која дел од имотот на Сеад Кочан (осуден во Труст) е префрлен на име на Пуцко Петрол на Јахоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе