Вести Македонија Топ вести

За еден месец изгорени повеќе од 400 хектари шума на Шар Планина

400 хектари на Шар Планина опожарени во само два пожара за еден месец. Последниот над селото Селце се гаснеше 6 дена, во кој штетите по изгубена дрвна маса и друга вегетација сѐ уште не се пресметани, а Установата која раководи со Националниот парк, ги исцрпи сите човечки капацитети, но заедно со другите институции кои учествуваа во интервенциите, потрошија и материјални средства.

Поради климатските промени пожарите се појавуваат со поголем интензитет и почесто, а најчеста причина за нивно избувнување е човечкиот фактор односно традиционалните практики за чистење на отпадот преку спалување, поради што неоходно е да се подигне свеста кај населението, но потребна е поголема и институционална соработка.

Група експерти од Шумарската Служба на САД деновиве на Националниот парк, како релативно нова установа, им помагаат да воспостават систем на ефикасно справување со пожари преку подготовка на план, теоретска и практична обука.

Инаку Националниот парк неодамна доби и донација од ОБСЕ, односно опрема за поефикасно и побезбедно справување со пожарите.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе