Вести Македонија

Уставните измени дел од изборните програми

Уставните измени стануваат дел од предизборното соочување. Но во програмите на партиите, идеите и предлозите за менување на Уставот се сосема различни.

ВМРО-ДПМНЕ предлага бројот на пратеници да се намали од 120 на 90. СДСМ  бара прво сите да се произнесат за уставни измени заради европската иднина на државата, кои веќе се во собраниска процедура, а потоа да се разговара за реформа на конкретни области. Потсетува дека двотретинско мнозинство ќе биде потребно и за реорганизација на правосудството, на обвинителството, на јавната управа, на локалната самоуправа.

ВМРО-ДПМНЕ очекува во предизборниот период да се води дебата за сите теми, со презентација на сопствените проекти. Се сомнева дека СДСМ ќе води црна кампања.

Уставни измени бараат и двете коалиции во албанскиот блок. Очекуваат терминот „јазик што го говорат над 20 одсто“ да биде заменет со „албански јазик“. Отвараат дебата и за избор на претседател во Собрание наместо на непосредни избори. За било какво менување на Уставот, потребно е двотретинско мнозинство.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе