Вести Македонија

Парична казна од 1.750 евра за штипската САНС АГ и одговорното лице

Штипската фирма САНС АГ која произведуваше течно гориво од гуми во атарот на Пенуш заработи парична глоба. Одлуката на Основниот суд Штип ја објави Државниот инспекторат за животна средина и просторно планирање.

За затекнатите буриња со течното гориво, а за коешто анализите покажаа дека е штетно за здравјето на луѓето и за животната средина паричната глоба изнесува вкупно 1.750 евра, од кои 1.500 за правниот субјект, а 250 евра за одговорното лице.

Инспектори од неколку државни инспекциски служби околу две години го чешлаат работењето на оваа компанија. Раководителотот на Секторот за инспекциски работи во Општина Штип, Тоше Ѓоргиевски вели дека од пред еден месец ја започнале постапката за одземење на Б дозволата на оваа фирма.

Постапката е почната по извршените контроли и на државниот и на општинскиот инспектор за животна средина и известувањето кое пристигнало од ресорното Министерство дека оваа штипска фирма неколкукратно ги прекршува условите пропишани со Б дозволата.

Телма веќе подолго време го следи случајот, и објави дека со фиктивни фактури, опасно тешко масло за ложење, произведено во штипската САНС АГ, било продавано како мазут од страна на компанијата РКМ.

Финансиската полиција отвори истрага за зделките со мазут меѓу САНС АГ и РКМ затоа што откриле фиктивни фактури со лажни податоци.

Пред две години  војници на АРМ од полигонот на Криволак се пожалиле на здравствени проблеми, по што државниот инспекторат за животна средина доби и допис од Министерството за одбрана за оваа фабрика за преработка на гуми, лоцирана среде пустелија во реонот на Пенуш. Ч

адот од оваа фабрика, опкружена со автомобилски гуми подолго време не го гледаат жителите на Штип.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачки пред велешани: Реконструкција на пругата кон Кочани, електрификација на железничката линија за Битола

Дејан Дејан

Му платила за дрва, дрва не добила – кумановка измамена за 6.000 денари

Дејан Дејан

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе