Македонија

Адвокат бара од Уставен да го сруши член 2 со кои долговите на граѓаните и компаниите постари од 10 години се отпишуваат

Долговите на граѓаните одново пред Уставен Суд.  Адвокат од Скопје побара да се укине член два со кој наплатата застарува за 10 години од денот на решението за извршување како што предвидува новиот закон. Сметаат дека со измените во законот за облигациони односи доверителите се дискриминираат наспроти правните и физички лица кои должат. Ова е втор обид уставниот суд да цени дали законот е добар или не откако првиот заврши во полза на граѓаните и уставен се изјави дека не поведува постапка за членот 1 со кој каматата не може да ја премине основицата на долгот… Од друга страна граѓански организации веќе протестираа дека иако е на сила од лани во јули се уште не се знае кој треба да да им ги отпише долговите на граѓаните…

Не прекинуваат реакциите околу законот за облигациони односи кој претрпе измени лани во јули. Спротивставувањата доаѓаат од два табори- едните бараат да се применуваат олеснувањата за должниците, другите во одбрана на доверителите. По, неуспешниот обид пред уставниот суд да се сруши член еден со кој се предвидува каматата да не го надминува долгот, сега адвокатот Љупчо Кузмановски бара да се оспори член два од законот. Според, канцеларијата на Кузмановски уставниот суд треба да го суспендира член два со кои долговите постари од 10 години од моментот на извршување застаруваат.

„Со промената на оваа одредба категоријата на правни и физички лица, кои се доверители ќе бидат ставени во нерамноправна положба со што ќе се предизвика нивна дискриминација, за сметка на други правни и физички лица кои се должници кои ќе бидат привилегирани и ставени во поповолна положба“, се наведува во иницијатива на канацаларијата Кузмановски  до уставниот суд

Ќе се наруши ли наплата во приватниот сектор е прашање кое Кузмановски до адресирал и до извршната власт, државниот завод за ревизија.

„Приватниот сектор смета дека ваквите законски решенија им овозможуваат на должниците и од приватниот и од јавниот сектор да бидат во привилегирана положба и им овозможуваат да не мора да ја платат својата набавка и според член 368 ст.3 од ЗОО тоа да застари, при што товарот паѓа на доверителите односно на компаниите, а голем дел од малите приватни фирми заради овие причини ќе се затворат,“ се наведува во дописот на Кузмановски до институциите

Но, уставен веќе одлучуваше и пред две недели даде зелено светло за истиот закон односно не ја прифати иницијативата за бришење на член еден со кој каматата не смее да биде поголема од висината на долгот. Граѓаните, и активистите,  секојдневно поднесуваат жалби до народниот правобранител, судовите и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) за отпис на долгови, а извршителите, судовите и правната фела тврдат дека со новиот закон не е одредено кој треба да го спроведе застарувањето на долговите. За овај проблем се оддржа и протест, каде граѓани побараа извршителите да почнат да ги застаруваат долговите.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе