Вести Свет

Вашингтон подготви нацрт-резолуција на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот во Газа

Соединетите Американски Држави подготвија нацрт-резолуција за Советот за безбедност на ОН со која се повикува на „итен прекин на огнот поврзан со ослободување на заложниците“ во Појасот Газа, изјави државниот секретар Антони Блинкен.

Дипломатот го објави ова за време на турнејата на Блискиот исток, во рами на која утре ќе го посети и Израел.

Клучниот сојузник на Израел, Соединетите Држави ставија вето на претходните гласања во Советот за безбедност на ОН за речиси шестмесечната војна, при што на последното гласање во февруари имаа забелешка на терминот „итен прекин на огнот“ во нацрт-резолуцијата поднесена од Алжир.

Меѓутоа, во последните недели Вашингтон го засили притисокот врз својот сојузник, истовремено инсистирајќи на тоа дека милитантите на Хамас мора веднаш да ги ослободат заложниците кои тие ги киднапираа за време на нападот на Израел на 7 октомври.

Ние всушност имаме резолуција што ја претставивме токму сега пред Советот за безбедност на Обединетите нации, која повикува на итен прекин на огнот поврзан со ослободувањето на заложниците и се надеваме дека земјите ќе го поддржат тоа. Мислам дека тоа би испратило силна порака, силен сигнал, рече Блинкен во Саудиска Арабија. .

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го уништи Хамас како одмазда за нападите на 7 октомври.

Се разбира, ние стоиме покрај Израел и неговото право да се брани… но, во исто време, императив е цивилите кои се во опасност и кои толку страшно страдаат – да се фокусираме на нив, да ги натераме приоритет да е заштитата на цивилите и  обезбедувањето хуманитарна помош, истакна Блинкен.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе