Вести Македонија Топ вести

Го признаа пропустот, службеникот ќе биде санкциониран – управата за водење на матични книги со извинување до семејството на Јакимовски

Од управата за водење матични книги се извинија до семејството на Стевчо Јакимовски за, како што велат, немилиот настан, велејќи дека се работи за несакана грешка на издаден погрешен образец. Додаваат дека административниот службеник што го направил пропустот во краток рок ќе биде санкциониран.

„Направен е увид во целокупното постапување по предметното барање за издавање на извод на интернационален образец од матична книга на венчаните. Утврден е пропуст сторен од страна на административен службеник, вработен во управата, подрачно одделение Скопје и истиот во краток рок ќе биде санкциониран, согласно законот за административни службеници“, пишуваат од управата за водење матични книги.

Градоначалникот на Општина Карпош, и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски денеска се пожали на, како што рече, траорна и смешна грешка. Матичните служби, на неговиот син и снаа, наместо венчаница, им издале умреница.

Семејството на Јакимовски не е единствено со вакви погрешени документи. Ревизорскиот извештај од 2021 година покажа дека во 2019 година, управата за водење матични книги издала скоро 22.000 згрешени документи, што претставува 4 отсто од сите документи.

Барале извод од венчани, добиле извод од умрени, денот на свадба ставен како датум на смрт – синот и снаата на Стевчо Јакимовски во шок

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе