Вести Македонија Топ вести

Судот во Куманово пресече: Уставот е над законот за граѓанска одговорност и пратеникот Петрушевски го наклеветил Мартин Костовски

По одлуката за вина, стасаа и аргументите на судот зошто пратеник е осуден за искажан збор од говорница. Во образложението до странките, кумановскиот суд ги отфрла наводите дека пратеникот Бране Петрушевски имал пратенички имунитет и не може да одговара по законот за граѓанска одговорност, повикувајќи се на уставот.

„Судот посебно ги ценеше наводите на полномошникот на тужениот дека неговиот клиент е заштитен, дека има имунитет за давање изјави и гласање во Собранието на РСМ. Но, судот ги оцени ваквите наводи како контрадикторни, со погоре изведените докази, а согласно на член 64 од уставот на РСМ каде стои дека пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или гласање во собранието. Во конкретниот случај, се работи за граѓанска одговорност и не станува збор за кривична одговорност, така што пратеникот, во конкретниот случај тужениот, не е исклучен да одговара за граѓанска одговорност“, се нaведува во пресудата во Основниот суд Куманово.

Па, оттука и дополнително наведените медицински вештачења дека тужителот Мартин Костовски претрпел тешки психички растројства кои сè уште траат, а и фактот дека Петрушевски не му се извинил како што од него било побарано, судот одлучил дека на Костовски му се урнисани угледот и честа, неговиот колега треба да му плати 150. 000 денари. Но, по критиките од правниците дека судот направил преседан и казнил пратеник за искажан збор, кумановскиот суд не сака да ја коментира првата ваква пресуда.

„Ве известуваме дека Основниот суд Куманово, ни сега ниту во иднина нема да коментира тековна судска постапка, ниту конкретна судска одлука, за законитост на одлуката, како и за евентуално поведување на постапка за преиспитување на постапувањето на судијата во конкретниот предмет, постојат надлежни органи кои ќе се произнесат за истотото“, се наведува во одговорот од Основниот суд Куманово за Телма.

Откако, судот одлучил дека може да му суди, во писмената пресуда се наведува и дека Петрушевски ги прекршил членовите 8 и 10 од законот за граѓанска одговорност со намера да наштети на честа и угледот, пред трето лице изнесува или пренесува невистинити факти, а знае или бил должен и може да знае дека се невистинити како што наведува законот.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Резултати па разговори и преговори, но уставни измени сѐ уште се услов за евентуално коалицирање по изборите

Дејан Дејан

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со вонреден инспекциски надзор на Токсикологија, Управниот одбор на состанок во четврток

Дејан Дејан

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе