Вести Македонија

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со вонреден инспекциски надзор на Токсикологија, Управниот одбор на состанок во четврток

Двовластието на Токсикологија продолжува. Медицинскиот директор потпишува забрана за медицински лица на кои им престанал договорот да доаѓаат на работа, организациската директорка не става потпис и праќа приговор, велат извори на Телма, откако утринава државниот санитарен и здравствен инспекторат повторно влезе во клиниката за да провери дали 11 лица незаконски извршуваат работни задачи. Молк и денеска од кабинетот на Бесија Иљази, Данил Петровски пак тврди дека ќе побара од управниот одбор да ги спровде законските одредби на инспекторатот.

„Во увид им е доставена целосна документација меѓу кои и задолжување од медицинскиот директор до главната медицинска сестра да им забрани на сите лица кои немаат било каков договор со клиниката, влез во медицински простории како и болнички соби а истовремено се задолжува техничкиот работник да ги избрише од евиденција нивните токени“, вели  Данил Петровски медицински директор на Клиника за Токсикологија.

Што констатираше државниот санитарен и здравствен инспекторат, одговори најавија за во четврток.

Вонредниот состанок на управниот одбор на Токсикологија сепак остана да се одржи во четврток . Клиниката за само еден месец ја тресеа неколку скандали. Од обиди за лажирања на резултати, преку зголемување на долговите, до закани за рарешувања на медицинскиот директор. Се поплави и Токсикологија а се уште нема одговори кој е одговорен и зошто клиниката немала осигурување како што тврдеа дел од лекарите.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Претседателот на Управниот суд Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе