Вести Свет

Случаи на труење и дијареа по поплавите – Либија почна вакцинација на населението, во тек е дезинфекција на Дерна

Властите во источна Либија започнаа кампања за вакцинација по разорните поплави што ја погодија земјата. Надојдените води по пукањето на две брани однесоа илјадници човечки животи, илјадници Либијци се водат како исчезнати. Регистрирани се и први случаи на труење и дијареа што ги зголеми стравувањата од ширење на епидемии во погодените подрачја. Во тек е контрола на сите извори на вода во и околу Дерна, а упатен е апел до населението да користи само вода во шишиња која се испраќа во рамки на хуманитарната помош што ја праќаат многу земји.

Министерот за здравство на источна Либија соопшти дека бројот на загинати само во Дерна достигнал 3.252. Но, истовремено, истакна стравување оти билансот на жртви би можел да биде далеку поголем, бидејќи не исклучува можност дополнително да бидат пронајдени загинати лица. Дополнителен проблем, според него, би можело да биде и поплавите да разместат експлозивни направи кои се поставени при неодамнешните конфликти во земјата.

Паралелно со потрагата по преживеани и кампањата за вакцинација, либиските здравствени власти спроведуваат и дезинсекција во областите што беа погодени од поплавите. Спасувачките тимови и натаму копаат по калта и урнатите куќи и згради. Либиската „Црвена полумесечина“ досега потврди 11.300 смртни случаи и истакна дека над 10.000 луѓе се водат како исчезнати. Главниот обвинител на Либија, пак, најави истрага за причините за уривањето на браните кои се изградени во 70-тите години од минатиот век.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе