Вести Македонија Топ вести

Жртвите убивани на нивни терен – 17 случаи на фемицид во Македонија за четири години

За само четири години во Македонија биле убиени 19 жени во 17 случаи на фемицид. Жртвите биле или сегашни или поранешни интимни партнери на сторителите, а убиствата биле извршени во стан или куќа каде што живеела жртвата, покажува извештајот „Фемицид во Македонија, состојба, правна рамка и судска пракса“. Од 17 судски постапки испитувани во овој извештај, судот утврдил дека во 14 случаи сторителите биле виновни и ги осудил на казна затвор, а за три случаи биле одредени мерки за безбедност.

Фемицидот, односно убиство на жена, е најтежок облик на родово насилство. Во поголемиот дел од фемицидите кои биле испитувани во извештајот, убиствата биле извршени со ладно и огненото оружје. Со неодамнешните измени на кривичниот законик од март 2023 година, Македонија е првата земја во регионот на Западен Балкан која воведе посебно кривично дело фемицид, вели Косана Бекер.

Последниот случај на фемицид во државата се случи пред половина месец, кога кумановец ја уби сопругата и нејзината мајка во нивниот стан. Претходно убиецот имал пет кривични пријави и две условни пресуди.

Во Скопје денеска се одржа конференција „Фемицид во Северна Македонија и Западниот Балкан – меѓународни стандарди и пракса на судовите“, организирана од AIRE центарот и Академијата за судии и јавни обвинители на Македонија, со поддршка од Владата на Обединетото Кралство, а на настанот присустуваа судии и обвинители од земјава.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силјановска: Доаѓа времето на жените, време е за машка еманципација

Дејан Дејан

Еден затвореник полесно повреден во инцидент меѓу две групи во затворот во Шуто Оризари

Дејан Дејан

Мицкоски во посета на штабот на Вреди – со Таравари разговарале за агенда и принципи за можно коалицирање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе