Вести Македонија Топ вести

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

„Европскиот фронт е силна коалиција која има цел да ја внесе земјата во Европската унија“. Со вакво уверување, ДУИ и предизборните коалициски партнери го одржаа завршниот митинг во Тетово.

„Никогаш не сум излегол да кажам нешто што не можам да направам. Сме дале ветување дека оваа земја треба да биде полноправен член на ЕУ,  да има мир, да биде дел од ЕУ со поддршка на САД, исто како што влеговме во НАТО. Друга алтернатива нема. Залудни се силите што сакаат да не спречат. На 8-ми мај ќе треба да направите избор меѓу тие што прават историја и тие што не знаат да направат ниту два чекори напред“, рече носителот на листа од Европскиот фронт во ИЕ 6, Али Ахмети.

Со милитантна симболика, Ахмети направи споредба меѓу него и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски. „Видовте ли каков одговор добија тие гневни гласови: Мицкоски пукаше со огномет, а јас со топ – и, немаше повеќе истрели“, рече Ахмети. 

И други кандидати за пратеници и претставници на коалицијата се спротивставија на реториката на ВМРО ДПМНЕ но и на опозициската коалиција „Вреди“. Посочија дека никој не може да ја смени волјата на Албанците, па ни Гаши и Касами кои ги сметаат за марионети и за лица кои пет пати на ден ги менуваат позициите.

„Никогаш не сум излегол да кажам нешто што не можам да направам. Сме дале ветување дека оваа земја треба да биде полноправен член на ЕУ,  да има мир, да биде дел од ЕУ со поддршка на САД, исто како што влеговме во НАТО. Друга алтернатива нема. Залудни се силите што сакаат да не спречат. На 8-ми мај ќе треба да направите избор меѓу тие што прават историја и тие што не знаат да направат ниту два чекори напред“, рече носителот на листа од Европскиот фронт во ИЕ 6, Али Ахмети.

Европскиот фронт нагласува дека има програма со визија: да станеме дел од Европската Унија, а истовремено да ја тргнеме суспензијата за Албанија. ЕУ не е само хартија, туку носи благосостојба, подобро здравство и образование, минимална плата од 700 евра до крајот на годината и друго.

На завршниот митинг се обратија и претставници на партиите на Бошњаците, Ромите и Турците, кои предизборно потпишаа договори за соработка и заеднички настап со ДУИ, ДПА, Народното движење, Алијанса на Села и со Европската демократска партија.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе