Вести Свет

Грчките спасувачи цела ноќ евакуираа луѓе од поплавените региони

Цела ноќ траеа спасувачките операции во погодените региони од поплавите предизвикани од невремето Даниел, со кои се соочува Грција. Градот Волос и областа Пелион во Тесалија се најпогодените области.

Во денешната операција учествува и хеликоптер „Шинук“, кој непрекинато лета до и од селото Влохос, од каде вчера имаше драматични повици за спасување.

Од вторникот утрината извршени се вкупно 1.881 спасување – евакуација на лица, кои се пренесени на безбедни места, а 110 вклучуваа и воздушно спасување во поплавените села Кардица и Трикала. Според локалните власти, во текот на денот спасувачите ќе се фокусираат на евакуација на осум села во Кардица, каде се заробени луѓе кои избегале на покривите на куќите и на повисоки места за да се спасат.

Силното невреме проселедено со катастрофални поплави досега зема шест жртви, но други шест се водат за исчезнати. За спас чекаат стотици луѓе, домовите им се уништени на илјадници семејства, уништена е и витална инфраструктура, а посевите се целосно поплавени. Штетата допрва ќе се утврдува велат надлежните, но засега можно е да е трипати поголема од последните поплави во 2020-та кога поплавите направија 700 милиони евра штета.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе