Вести Свет

Мали: Минималната плата во Србија ќе изнесува 401 евро

Претставниците на Владата на Србија, репрезентативните синдикати и работодавачите на денешниот состанок на Социјално-економскиот совет (СЕС) не постигнаа договор за минималната плата за 2024 година. Се очекува Владата да го потврди предлогот минималната плата од 40.000 динари колку што е годинава да се зголеми на 47.154 динари, јави дописникот на МИА од Белград.

– Одлуката за висината на минималната плата во Србија за следната година ќе биде донесена на седницата на Владата на Србија на 14 септември, а предлогот на Владата е минималната плата да се зголеми за 17,8 отсто на 47.154 динари, т.е. 401 евро, изјави денеска министерот за финансии Синиша Мали.

Потпретседателот на Сојузот на независни синдикати на Србија (СССС) Горан Милиќ по седницата на СЕС за Бета изјави дека министерот за финансии Синиша Мали на седницата на СЕС изјавил дека параметрите врз основа на кои Министерството направило анализа за зголемувањето на минималната плата биле „оправдани“.

– Сметаме дека нашите барања се реални бидејќи мајската потрошувачка кошничка чинела речиси 52.000 динари (443 евра), а трошоците за минималната кошничка со намирници значително ќе се зголемат до јануари следната година, рече Милиќ.

Тие предложија овој септември минималната плата да се зголеми за десет отсто, а во јануари 2024 година за нови 20 отсто, но Министерството за финансии на претходните две средби одби да разговара за зголемувањето што ќе се применува годинава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе