Вести Македонија

Дупки на тротоарот на мостот „Обединети нации“ – Телма дознава утре затворен еден дел за негова санација

Дупки, раскопан асфалт, небезбеден тротоар. Ваква е сликата на мостот Обединети нации.

Граѓаните загрижени за својата безбедност, револтирани бараат веднаш да се санира мостот Обединети нации.

-Како да не се плашам дупки има и претходно имаше дупки и пред да го ископаат. Значи секојдневно поминувам и со точак и пешки, нормално, не е безбедно. Секој момент мислиш дека ќе пропаднеш, вели граѓанка.

-Не знам која дупка да ја погодам. Имаме градоначалници, имаме Влада, нека направат, нека дојдат, или нека ископаат кај нив пред зградите па нека прерипуваат канали, вели граѓанин.

За лошата состојба на мостот Обединети нации, алармираа и експертите. Пред три месеци професорот Горан Марковски, како една од опциите за решение на мостот „Обединети нации“  наведе, како што рече инженерскиот предизвик  да се изгради нов мост кај Влае.

Мостот Обединети нации е еден од почувствителните мостови во централното градско подрачје и сметам и препорака од струката е да таквите мостови кај кој што се констатирани одредени поголеми проблеми или недостатоци да се надгледуваат подетално и почесто и да се делува со соодветни мерки, да се превенираат некакви посериозни настани“, изјави за Телма Горан Марковски декан на Градежен факултет Скопје  (14.07.2023).

Пред две недели екипи од градот Скопје го извадија дел од асфалтот.Телма побара одговори од кабинетот на градоначалничката дали и кога мостот Обединети нации ќе се санира но до објавување на овој прилог не добивме одговор. Телма дознава дека утре мостот Обединети нации во делот од Ѓорче Петров кон Центар ќе биде целосно затворен за да се санира.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе