Вести Свет

Трамп се соочи со трето обвинение за четири месеци – обвинителот за него е „пореметена личност“

Доналд Трамп се соочи со трето обвинение за криминал во последните четири месеци. Доаѓа во период додека се обидува да освои републиканска номинација за претседателките избори во 2024 година. Овојпат се товари за обид за поништување на поразот на претседателските избори во 2020 година. Обвинението со четири точки се однесува на завера со која сакал да спречи победа на актуелниот американски претседател Џо Бајден и да ги лиши гласачите од правото на фер избори.

На Трамп му е наложено да се појави во федералниот суд во четврток по обвинението што произлезе од истрага што ја предводеше специјалниот обвинител Џек Смит кој дојде на позиција од местото главен обвинител на судот за злосторства на Ослободителната војска на Косово. Тој веќе подигна едно федерално обвинение против Трамп за прикривање на доверливи документи на Флорида кое неодамна беше проширено од 37 точки на 40.

„Денеска е покренато ново обвинение кое го товари Доналд Трамп за завера да ги изманипулира САД, за завера да лиши гласачи од право и за завера и обид за попречи официјнална постапка. Нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година беше напад без преседан на седиштето на американската демократија. Тоа е опишано во обвинението. Тоа беше поттикнато од лаги, лаги од обвинетиот, насочени кон попречување на основната функција на американската влада, процесот на нацијата на собирање, броење и потврдување на резултатите од претседателските избори“, објави специјалниот обвинител Џек Смит.

Клучен навод во обвинението е тврдењето дека Трамп вршел притисок врз тогашниот потпретседател Мајк Пенс и од него барал да поништи изборни гласови во поедини држави за да дојде до пресврт во резултатот.

Трамп реагираше според очекувањата, па обвинителот го нарече „пореметена личност“. Обвинението го нарече лажно и обид на Смит да се вмеша во изборите во 2024 година. Покрај Трамп, во обвинението се споменуваат уште шест соученици во неговата завера. Тие не се директно именувани и нејасно е зошто не се обвиниети, ниту дали нивните имиња ќе бидат дополнително ставени во обвинението.

Американските медиуми објавија дека меѓу нив се адвокати и политички советник на Трамп. Иако не се именувани, „Вашингтон пост“ пишува дека тие се јасни според описот во обвинението за што ги наведува Руди Џулијани, Џон Истман и Синди Пауел.

Бројни истражувања на јавното мислење во САД, меѓу кои на „Њујорк тајмс“ и на колеџот Сиена, укажуваат дека Трамп и Бајден се израмнети во поддршката кај американските гласачи. Нивните анкети упатуваат дека и актуелниот и поранешниот претседател на САД уживаат 43 отсто доверба кај електоратот. Дури и да биде осуден, Трамп може да биде претседател на САД доколку победи на избори догодина.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе